Тројцата нови членови на Судскиот совет дадоа свечени изјави во Собранието

ИЗВОРНов Лист
|

Новоизбраните членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието.

Судиите Радевска-Стефкова, Герасимовски и Николовски влегуваат во Судскиот совет, откако добија најголема поддршка од нивните колеги на спроведените избори на 14 септември.

Тие ќе ги заменат тројцата досегашни членови на Судскиот совет, Киро Здравев, Гордана Спиреска и Зоран Теофилоски, кои заминаа во пензија.

Мирјана Радевска-Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери и генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова.