Без струја и вода утре ќе останат неколку делови од Скопје

ИЗВОРНов Лист
|

По добиеното известување од ЕВН и ЈП Водовод и канализација, Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје ги известува граѓаните дека:

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 20.09.2022 година (вторник), без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Од 08:30 до 13:00 часот, улица „Ѓорги Динката“ во општина Кисела Вода. Од 08:30 до 15:00 часот, улица „Михаил и Ефтихиј“ во општина Кисела Вода.

Поради технички зафати во вододводната инсталација на ден 20.09.2022 година (вторник), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул.„Бутелска“ раскрсница со ул. „Рудо“, „Марко Крале“, „Приштинска“, „Зуфер Мусиќ“, „Андре Мазон“, „Коле Канински“, „Мрежичка“ и „Мостарска“ од 09:00 часот до отстранување на техничкиот проблем.