Гори барака кај Рампа, Кисела Вода. Огромен чад се издига над објектот. Екипа на Телма, известува од терен дека се слуша пукање на лесонитните табли од бараката.
Станува збор за стара, напуштена барака, во близина на градилиште. Во моментот гасат три пожарникарни возила, а пристигнуваат и нови.
Очевидци тврдат дека екипите навреме стигнале и за среќа пожарот не се проширил врз околните дуќани и нема повредени.
Сообраќајот во овој дел од градот е затворен, дозволено е поминувањето само на пешаци.