Изгаснат е пожарот кај Стара рампа, изгоре напуштен објект

ИЗВОРНов Лист
|

Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран.

Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.

– Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно, интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари, изјави Томевски.

Опожарени се околу 300 метри квадратни.

– Во моментот нема лица внатре. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот, нагласи Томевски.