Две полски туристки спасени кај Трескавец

ИЗВОРНов Лист
|

Две девојки, туристки од Полска, доцна попладнето се спасени од процеп во карпи кај манастирот Трескавец, во чија посета биле.

Девојките околу 16 часот побарале помош бидејќи при движење од манастирот на удолнина кон градот, паднале во процеп на стрмна карпа над провалија и биле во опасност да се повредат. Едната девојка се држела за карпата. Тие биле дел од поголема група туристи и заостанале од групата која се враќала од посетата на македонскиот познат манастирски комплекс.

Според информациите на Центарот за упрваување со кризи (ЦУК), успешната била спасувачката акција, конкретно и брзо ја реализирал Дарко Недановски со колегата Иван Атанасовски, членови – доброволци од Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп.

Екипа од прилепската противпожарна единица на терен излегла со четворица пожарникари и едно теренско возило. За настанот биле известени дирекцијата за заштита и спасување, МВР и ЦУК-Битола.

Девојките биле извлечени во 17,15 часот и потврдено е дека се во добра здравствена состојба.