Шеесет илјади домаќинства, околу илјада образовни институции, голем број компании, во главниот град се греат на централно парно греење.
Тие очекуваат од новиот оператор државните електрани кои формираа претпријатија кои треба да го надоместат одземањето на лиценцата на БЕГ да ги загреат радиаторите.Но се уште не се знае дали ќе бидат обезбедени потребните количини гас.
Префрлањето на работа со мазут е тешко, многу загадува и е неисплатливо вели поранешниот директор на Топлификација Димитар Хаџи Мишев.
Според него најголем проблем во тој случај би биле средствата за транспорт и транспортот и додава дека алтернатива за гасот во моментов нема.