Цените на лебот во ЕУ вртоглаво се зголемија минатиот месец – во просек за 18 проценти.
Ова е највисокото ниво откако Евростат ги објавува податоците (од 2017 година). Минатата година, отприлика ова време, просечната цена на лебот во Унијата беше „само“ 3% повисока во споредба со август 2020 година.
Така, во споредба со ланскиот август, лебот најмногу поскапе во Унгарија и тоа за дури 66 отсто. Следат Литванија со 33 отсто, а Естонија и Словачка со 32 отсто.
Блиску до нив е и Хрватска, каде што цената на лебот во август годинава е за 31 отсто повисока во споредба со истиот месец во 2021 година. Понатаму Евростат известува дека значително зголемување на цената – од 30 проценти – се чувствува и во Полска и Латвија.
Поскапувањето на лебот во Германија и Словенија е најблиску до просекот во Унијата, покажуваат податоците. Најмал скок е забележан во Франција (8%), во Холандија и Луксембург (10%).
За споредба, кај нас цената на лебот за 1 година е зголемена за 100%.