Ќе ги има ли „Ѕвездите на Гранд“ оваа година – шоуто доцни, Саша Поповиќ на големи маки, еве со каков голем проблем се соочуваат

|

Ѕвездите на Гранд, музичкото натпреварување во кое со години се натпреваруваат голем број пејачи, сè уште не почнало да се емитува, како што беше секоја година претходно, на почетокот на септември.

Музичкиот натпревар постои од 2003 година. Многу учесници на ова натпреварување се познати имиња на денешницата, како Милица Павловиќ, Милица Тодоровиќ, Александра Пријовиќ, Дарко Лазиќ и други. Емисијата прво се емитуваше во Србија на „Пинк“, а потоа и на „Прва“.

Договорот со Прва, очигледно, истекува, а Саша Поповиќ почнал да преговара каде ќе се емитува ова музичко натпреварување, додека медиумите шпекулираат дека е можно во Пинк да се врати шоуто Ѕвездите на Гранд.

Музичкото шоу постои речиси две децении и секогаш имаа одлични резултати. А како што дознава спрски курир снимањето на емисиите за новата сезона на Ѕвездите на Гранд се‘ уште не е започнато.