Попоски најавува дожд и доста ниски температури – Не се исклучува ниту можноста за провејување на снег

|

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден и повторно петок кога ќе има повеќе облачност и ќе има локални послаби врнежи од дожд. Не се исклучува можноста и за сосема слабо провејување на снег на највисоките планински места. Ќе дува и слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од – 2 до 10 степени а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 22 степени, што значи дека темперстурите во следниот период ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.

И во Скопскиот регион времето ќе биде стабилно и суво. Повеќе облачност ќе има утре кога ќе има услови за слаб локален дожд и во Скопскиот регион. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 19 степени.