Жители од демирхисарското село Слоештица обвинуваат дека поради грешка од страна на екипите на ЕВН им прегореле повеќе апарати во домаќинството и бараат да бидат обештетени.
Во дописот испратен до редакција на Сакам да кажам, тие се пожалиле дека на 7 септември годинава при промена на бандера по грешка им била пуштена струја со повисок напон, што предизвикало оштетување на голем дел апарти во повеќе домаќинства.
Им прегореле рисивери, рутери, телевизори, фиксни телефони, радиокасетофони, фрижидери, компјутер за соларно греење, читач за книги и друго.
„На 14 септември, во КЕЦ Битола, група од 9 корисници уредно достави формулари за обесштетување. Напоменуваме дека во пунктот за достава на жалби и поплаки, единствен за подрачјето на Битола, Демир Хисар, Ресен и други рурални општини од Пелагонискиот Регион, имаше само еден вработен, чекавме од 8:45 до 10:30 часот. На наше големо изненадување, откако инсистиравме да се заведат барањата во архива, на копиите од пополнетите формулари добивме само архивски печат со датум, без никаков архивски број. Според нашите сознанија за книговодствено работење, задолжително треба да се стави архивски приемен број на доставени барања, а тоа особено треба да важи за компанија од типот на ЕВН“, реагираа семејствата со претрпени штети.
Тие бараат како што ЕВН уредно работи при наплатата на сметки, така и сега итно да постапи кон нивно обештетување.
Додаваат дека до денес ниту еден од корисниците не е исконтактиран од ЕВН.
Од Компанијата одговорија дека експертите на Електродистрибуција ги разгледуваат барањата на жителите од селото Слоештица доставени една недела и повеќе по промената на столбот.
Целиот текст прочитајте го на Сакам да кажам со клик ТУКА.