На ден 21.09.2022 поради уличен дефект ф-100 мм на ул. 2/65 Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Долно Лисиче.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:20 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така, од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 22.09.2022 година (четврток) поради промена на шпингла за затворач ф-350 мм (во непосредна близина на мостот “Обединети Нации„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Партизанска-крак 1, 3,5,9 и 11, потегот од ул. Московска до мостот “Обединети Нации„, улиците: Демир Трајко, Ванчо Мицков , Бриселска, Софиска, Стокхломска, Његошева, Копенхагенска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски.
Водоснабдувањето во АД Реплек ќе биде со намален притисок.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(Oпштина Карпош)