Тешко дека би го препознале: Милан Станковиќ со 15 килограми повеќе, долга коса и брада (ФОТО)

|

Милан Станковиќ уште од првиот момент кога зачекори на сцената на „Гранд“ го привлече вниманието на медиумите и јавноста, пред се со своите вокални способности, доброто однесување, но исто така и со својот изглед, кој најпрво наликуваше на американска тинејџ ѕвезда со специфичен имиџ. Со текот на годините изгледот на Милан се менуваше, тој созреа, но неговиот префинет вкус за стил и мода остана.

Иако на почетокот на својста кариера го доби прекарот српскиот Џастин Бибер, тоа не му сметаше, но сепак со созревањето на личноста, тој создаде и свој сопствен впечатлив изглед. Со тоа дојде и големата популарност, со која тогаш не можеа да се пофалат ниту некои многу поголеми ѕвезди.

Сфаќајќи дека човекот на сцената, за да не биде забележан и да остане таму, мора да биде поинаков, Милан со години ја истакнуваше споменатата слика. Во неговиот гардеробер можеа да се најдат специфични, специјално дизајнирани патики, тесни фармерки, накит, дуксери и така облекувајќи стана пример за помладата популација.

Бидејќи во светот на музиката влезе на многу млада возраст, не е чудно што Станковиќ пред неколку години реши да се оддалечи од сето тоа, да направи пауза и да се посвери ма самиот себе си. Тој веќе одреден период не снима нова музика и не настапува, а се зборуваше дека има намера да се замонаши. Се доближил до религијата, посетува манастири, а во согласност со тоа во голема мера го коригирал своето однесување, вклучително и стилот на облекување.

Изгледот на Милан Станковиќ е сосема поинаков, а доказ за тоа е и најновата фотографија од пејачот која кружи на интернет.

Долга црна коса, врзана во опавче, мустаќи и брада сега се во фокусот на стајлингот на пејачот, кој повторно го привлече вниманието на јавноста и го сподели.

Додека едни тврдат дека е време музичарот да се исели од својата комфорна зона, други велат дека новитетите воопшто не му одговараат и дека треба да ја коригира тежината. Сепак, ова може да биде знак дека Станковиќ нашол задоволство во други работи и дека физичкиот изглед повеќе не му е најбитен.