Славчо Попоски: Во наредните денови утринската температура може да оди и во минус

|

Денес ќе има повеќе облачност во Македонија и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Не се исклучува можноста за првото провејување на снег за оваа сезона на Шар Планина.

Потоа, од утре па во следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.

Особено денес ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите остануваат под просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 22 степени, додека наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу па дури и за некој степен под нулата.

Во Скопје времето ќе биде претежно стабилно и суво а температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.