Македонскиот народен театар повеќе нема да изведува претстави на Малата сцена. Три седмици по поплавата од невремето што го зафати Скопје, вода навлегуваат на Малата сцена. Сликата од кренатиот теписон е разочарувачка.
Иако беше испумпувана водата, како што можете да забележите, од подот сеуште влегува вода на Малата сцена на МНТ. А, во воздухот се чувствува мирисот на влагата.
По поплавувањето на објектот во 2014 и 2017 година, од театарот за пат пат јавно проговорија за причините зошто МНТ е мета на секој пообилен дожд, од кој настрада Малата сцена.
Поплавата беше повеќе на Малата сцена. Оваа Мала сцена се поплавува веќе по втор пат. Ова се на некој начин аномалии во градбата и градежништвото, изјави Мила Анѓелковиќ- Односи со јавност во МНТ.
Но, аномалиите не се само на Малата сцена. Се лупи мазниот абрик во фоајето на приземјето и на првиот и вториот спрат, од дождот што се собира на терасите . Од тие причини струјата е исклучена зашто вода протекува и од дупката каде првично имаше лустер, под која со години стои голема кофа, скриена зад црвениот параван. По дождот кој навлезе преку решетките и прозорците во сутеренот, театарот е хемиски исчистен , а направена е проценка на штетата од осигурителна компанија . Сега раководството чека да му кажат колкава е штетата. Ќе се прави и проценка на безбедноста на објектот.
Таа проценка треба да ја направат лиценцирани стручни лица. Доколку дозволат објектот понатаму да биде во употреба, ќе почнеме со претставите. И сите претстави кои се играа на Малата сцена , во договор со Управата и со режисерите кои ги режираа претставите на Малата сцена, ќе бидат префрлени на Големата сцена.
Театарот беше пуштен во употреба 2013 година. За изградбата беа потрошени скоро 40 милиони евра. А, во неа беа вклучени „ Бетон“, „ Страбаг АГ“, „ Ламоне Мореда“, „ Конструктор “ и други компании и изведувачи.
Сотир Трајков