Бугарски професор: Нема дилема дека македонскиот е литературен јазик

ИЗВОРНов Лист
|

Александар Ќосев, професор на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски” историчар по култура и литературен научник, тврди дека нема сомневање дека македонскиот јазик е литературен, а не дијалект, а историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната. На оние кои тврдат дека македонскиот јазик е вештачки мора да им се каже дека и бугарскиот јазик е вештачка конструкција и е создаден во XIX век.

БГНЕС објави дека Ќосев, инаку раководител на Културниот центар при софискиот универзитет на настан во центарот организирал превод од македонски на бугарски и од бугарски на македонски јазик и говорел за четири ставови за односите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик.

За Александар Ќосев нема дилема дека македонскиот е литературен јазик.

– Јас сега кажав каде сум. За мене нема дилема дека македонскиот јазик е посебен литературен јазик и дека луѓето си го користат. Тоа не е дијалект, бидејќи дијалектот се користи во одредени функционални сфери на општеството, односно дома, во секојдневниот живот, на нива, но дијалектите не можат да им служат на сите современи сфери на животот.

Значи, македонскиот јазик од оваа гледна точка е полноправен јазик – тврди Ќосев.

Тој смета дека историјата на македонскиот јазик не започнува со Коминтерната и нејзината „хипотетичка или нехипотетичка интервенција” во 1945 година, туку многу порано кога источните и западните дијалекти на бугарските „говорители” во овие земји почнаа да се оддалечуваат и да имаат различна културна судбина.