Софтверот што го набавил Драги Рашковски како генерален секретар не работел, констатира вештакот во судницата во судскиот процес против Рашковски. Апликацијата по инсталирањето не можеше да се стави во функција. „Бидејќи, не може да работи со други камери освен со владините, констатирам дека софтверот не функционира за целта за која е изработен“, рече сведокот во судницата.
ПО ИНСТАЛИРАЊЕТО, СЕ ПОЈАВИ ГРЕШКА ПОРАДИ КОЈА НЕ МОЖЕШЕ СОФТВЕРОТ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА И ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ДЕТАЛНА ПРОВЕРКА НА НЕГОВИТЕ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ. ШТО ЗНАЧИ СОФТВЕРОТ НЕ БЕШЕ ФУНКЦИОНАЛЕН ЗА ДА СЕ ПРОВЕРАТ СИТЕ НАВЕДЕНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ. ОД ТАА ПРИЧИНА, ЗАКЛУЧУВАМ ДЕКА СОФТВЕРОТ НЕ Е ФУНКЦИОНАЛЕН, НЕ Е КОНФИГУРИРАН ВО СОГЛАСНОСТ СО ТЕХНИЧКОТО УПАТСТВО ДАДЕНО НА ЦД-ТО. БИДЕЈЌИ СОФТВЕРОТ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ФУНКЦИЈА, НЕ МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТИДЕ НА ТЕРЕН ЗА ДА СЕ ИСПИТА ДАЛИ ФУНКЦИОНИРА ВО СОГЛАСНОСТ СО БАРАЊАТА ОД НАРЕДБАТА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ, РЕЧЕ ВЕШТАКОТ ПИПЕРЕВСКИ.
Дополнително, вештакот е дециден дека иако Рашковски барал, Станчев не испорачал софтвер што ќе има безбедносни стандарди, со оглед дека податоци се зачувувале на интернет (FTP).
ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА, СО ШТО НЕ МОЖЕ ДА МЕРИ БРЗИНА. ПРОМЕНЛИВОСТ НА ЛОКАЦИЈА НА МЕРНИТЕ ИНСТРУМЕНТИ, СО ШТО ВОЗАЧИТЕ НЕМА ДА ЗНААТ КАДЕ СЕ МЕРНИТЕ МЕСТ, ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР Е ПРЕДВИДЕН ДА КОРИСТИ РАЗНИ КАМЕРИ, ЗА РАЗНИ ЛОКАЦИИ И ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕМЕСТУВААТ, ДИЗАЈНОТ НА СОФТВЕРОТ ГО ИСПОЛНУВА БАРАЊЕТО, НО БИДЕЈЌИ ТОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОТВРДИ ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОВОЈ УСЛОВ. АВТОМАТСКО ПРЕСМЕТУВАЊЕ ПРЕКРШОК И ГЕНЕРИРАЊЕ КАЗНИ, ПРЕДМЕТНИОТ СОФТВЕР НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТАВИ ВО ФУНКЦИЈА, СО ШТО НЕ СЕ ИСПОЛНУВА БАРАЊЕТО. СИСТЕМОТ МОРА ДА ПОКАЖЕ ЕФИКАСНОСТ, СКАЛАБИЛНОСТА (ПРОШИРУВАЊЕ СО НОВИ КАМЕРИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ) Е ОД ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И ВО РАМКИТЕ НА ТОА ТРЕБА ДА ИМА МОЖНОСТ ДА РАБОТИ СО ГОЛЕМ БРОЈ УРЕДИ/КАМЕРИ – БИДЕЈЌИ СОФТВЕРОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ФУНКЦИОНАЛЕН, НЕ МОЖЕ ВЕШТОТО ЛИЦЕ ДА ГО УТВРДИ ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ОВОЈ СОФТВЕР, ДОДАДЕ ВЕШТАКОТ.
Софтверот го нарача генералниот секретаријат од фирмата „Ивонка груп“ за сума од 80 илјади евра. И нарачателот Рашковски, и дизајнерот на софтверот Даниел Станчев, се обвинети за влијание во јавната набавка.