Заради технички зафати во дистрибутивната електр- мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Чаир и Центар, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Динката“, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот од улицата „Хашка“, Општина Карпош, а од 09:00 до 15:30 часот корисниците од селата Булачани, Црешево, Виниче и Страчинци, Општина Гази Баба.
Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Паровиќ“ и „Роналд Реган“, како и Детската градинка „Снежана“, Општина Чаир, додека од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Загребска“, Општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје.
Поради дефект на приклучна цевка 6/4 на улица „Стефан Јакимов-Дедов“ број 4, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Владимир Полежиновски“, како и ТЦ „Буњаковец“.
Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.