Сопругата на премиерот Ковачевски за првпат се појави во јавноста (ФОТО)

|

Јавноста до сега немаше можност да ја види сопругата на премиерот Димитар Ковачевски во јавност, но деновиве Елена присуствуваше на прием организиран од првата дама на Турција Емине Ердоган во Њујорк, во рамките на промоција на иницијативата “Нула отпад”, соопштија од Кабинетот на премиерот.

Ова е прво протоколарно појавување во јавноста на сопругата на премиерот. Таа го придружува Ковачевски на Генералното собрание на Обединетите нации.

Фотографии од приемот се споделени и на инстаграм профилот на Емине Ердоган која ја тера иницијативата „Нула отпад“. На приемот се и сопругите на лидерите на Латвија, Јужна Кореја, Естонија, Франција и Литванија.

Иницијативата на Емине Ердоган „Нула отпад“ има за цел да се подигне свеста за потребата од целосно елиминирање на отпадот, заштита на животната средина со цел да се остави свет со чиста животна средина за идните генерации.

Ковачевска носеше фустан креација на македонската дизајнерка Тања Кокев.