|
Директорката на УЈП и заменик претседателка на СДСМ Сања Лукаревска пред некое време истакна дека мерката за поврат на ДДВ дава одлични резултати, и со право е најпопуларна мерка. Поради тоа таа нагласи дека следува зголемување на лимитот според најавеното и дадено ветување пред граѓаните.
– Оваа мерка ги дава очекуваните резултати. Имаме зголемен број корисници, средствата кај граѓаните редовно се исплаќаат, што придонесува за подобрување на стандардот на граѓаните, затоа што дел од парите дадени за ДДВ им се враќаат назад во домашниот буџет.
Новината која од 01.01.2023 година треба да започне е зголемување на лимитот за поврат на средствата, како што ветивме пред граѓаните и како што стои во владината програма, рече Лукаревска.