Славчо Попоски со детална анализа: Многу сонце, па пороен дожд, еве кога

ИЗВОРНов Лист
|

– Викендов времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Уште потопло ќе биде во текот на следната седмица кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Сепак од понеделник па натаму ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Во понеделник од западните предели ќе започнат врнежи од дожд, а во вторник ќе биде и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во Скопскиот регион времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во текот на следната недела ќе растат условите за врнежи и тоа особено во вторник. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 24 степени.