Мистериозната светлосна спирала на ноќното небо, која е фотографирана во близина на Нов Зеланд, го разбуди интересот на пошироката јавност и започна дебата за причината за оваа појава.
Според експертите, причината за оваа појава не се ниту вонземјаните, ниту игра на светлината, туку ракетата на „уми рање“ на SpaceX, како што пренесува Daily Mail.
Спирален облак од гас кој пред некое време го осветли небото над градот Нелсон, беше видлив во должина од 750 километри. Експертите сугерираат дека тоа е најверојатно последица на проектот SpaceX кој само неколку часа порано ја лансираше ракетата Falcon 9 со сателитот Globalstar DM15.
Во моментот кога ракетата го пушти својот товар, жителите на планетата Земја можеа да видат трага од пареа која ја рефлектира сончевата светлина и зад себе остави мистериозен син вител.
Според Астрономското здружение на Њу Плимут, причината за спиралата која ги привлече погледите е процесот на обезпенување на горивото или издувниот облак од лансираната ракета.
„Слични ефекти беа забележани и порано, а Globalstar 2 FM15 на SpaceX веројатно помина покрај Нов Зеланд околу тоа време“, се вели во нивната објава на социјалните мрежи.
Луѓето кои ја забележале оваа појава сведочат дека ова било „уникатно“ искуство, бидејќи вителот одел по небото и полека исчезнувал додека се оддалечувал.