Поранешната министерка за финансии ја покажа згодната фигура на телото (ФОТО)

|

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска сподели фотографии на својот Фејсбук профил на кои позира во спортска облека и ја покажа неврројатната фигура на телото.

На фотографиите може да се забележи дека поранешната министерка е навистина во одлична фит форма, ги покажа стомачните и одлично оформените нозе.

На јавноста и откри дека трчањето е нејзиното хоби, а патувањето задоволство.

„Уште еден полумаратон годинава, уште еден PB 1:44:56 на Meia Maratona do Porto.
Најдобра конкуренција е кога се споредуваме сами со себе – ‘денес’ да сме подобри од ‘вчера’.. a кога хобито ќе се спои со патување и откривање нови места како Порто, трчањето е вистинско задоволство“, напиша Ангеловска во постот на Фејсбук.