Утре одлука за новите цени на горивата

|

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Според последната одлука која ја донесе РКЕ, цената на дизелот се намали за 2 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари.

Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на горивата: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 50,391 (денари/килограм).