Добитник на лотарија во Индија објави дека ќе мора со семејството да се исели од домот, бидејќи не може повеќе да се одбрани од безбројните барања за финансиска помош. Тој додава дека жали што воопшто ја добил наградата.
Лозот го купил на 18-ти септември, ден пред да замине за Малезија на работа, откако ги земал парите за уплата од штедната касичка на синот.
Но откако била објавена веста за неговата добивка, семејството дошло во центарот на вниманието на јавноста.
„Бев пресреќен кога победив. Имаше многу луѓе и камери во куќата и бевме среќни“, вели Аноп во видеото и додава дека набрзо ситуацијата набрзо излегла надвор од контрола.
„Не можам да излезам од куќата, не можам да одам никаде, детето ми е болно и не можам да го однесам на лекар“, вели Индиецот.,
Аноп, кој ќе добие 250 милиони рупии, односно 150 милиони рупии откако ќе ги плати државните даноци, вели дека луѓето доаѓаат во неговата куќа секое утро.
„На сите можам да им кажам дека сѐ уште не сум ги добил парите. Се чини дека тоа никој не го разбира, колку пати и да им кажам тоа“, вели.
Аноп вели и дека тој и неговото семејство се преселиле кај роднините за да го избегнат вниманието.