Детали за автомобилот што излета во Вардар: Вклучен и специјален тим нуркачи

ИЗВОРНов Лист
|

Oд последниот контакт со ПС Групчин во 17:40 часот e добиена информација дека се уште не е пронајдено лицето возач и евентуални сопатници, ако ги имало, од автомобилот што излета во реката Вардар кај с.Желино, известува РЦУК Тетово.

„Од 16:45 часот, освен специјализирана екипа од МВР, 6 припадници на ТППЕ Тетово и 6 вработени во Општина Желино во потрагата е вклучен и специјален тим нуркачи од ДЗС Велес. Потрагата е во тек“, информираат надлежните од ЦУК.