МО: Не дозволуваме какви било партиски или друг вид на влијание во Армијата

ИЗВОРНов Лист
|

Во врска со натписите во некои портали, кои се однесуваат на објава на Фејсбук профил на Општинската организација на СДСМ – Арачиново, Министерството за одбрана информира дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат какви било партиски или друг вид на влијание.

– Во Армијата на Република Северна Македонија војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени! Ги охрабруваме сите граѓани заинтересирани да аплицираат без разлика на верска, национална, партиска или било каква друга припадност, се наведува во соопштението на МО.

Истовремено, Министерството за обрана ги повикува политичките партии да се воздржат од какви било притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата.