|
Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на христијаните во својата област. Меѓу оние што не сакаа да се откажат од Христа се најде и овој свет маче ник.
Беше фрлен во оган и на тој начин погу бен, но Бог така устрои неговите мошти сепак да останат цели. А нив ги зеде другарот на Никита, Маријан, и ги пренесе од готската земја (Влашка и Бесарабија) во областа Киликија во Мала Азија, во градот Мопсуест.
Тука неговите чудотворни мошти беа положени во црквата подигната во негов спомен. А пост рада и се прослави овој чудесен маче ник во 375 година.