|
Официјално вчера на Крстовден, започна берењето на јаболката во Преспа.
Преспанчани имаат недостиг од работници за берење и пакување на јаболката.
Платена храна и околу 1300 денари дневница.
Ова е цената за берење на јаболка која се очекува да биде понудена на јаболкоберачите во Преспа.Сезоната за берење на јаболката започнува на крајот на септември, а трае се до крајот на октомври, пренесе Centar.mk.
Потребна е работна сила и за пакување и складирање на јаболката, за што дневницата е слична, а потреба од ваква работна сила има постојано.