Семејството, роднините и пријателите речиси месец дена ги бараат исчезнатите мајка и ќерка од кумановската населба „Бавчи“.
Денеска до медиумите се обрати и советникот Самет Салиевски кој побара каква било информација од граѓаните за 32 годишната Сабина Сабединовска и нејзината седумгодишна ќерка, Елиф. Тој ги повика граѓаните доколку имаат каква било информација да се јават на 071/ 329-068 или во најблиската полициска станица.
Секторот за внатрешни работи Куманово информираше дека на 9 септември годинава во 14:30 часот во СВР Куманово И.Н.(59) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата внука С.С.(32), која со себе ја повела и нејзината малолетна ќерка. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Дежурниот обвинител од Куманово усно е информиран за настанот, велат од Основно јавно обвинителство Куманово.