Министерот Шаќири откри кога ќе бидат готови учебниците за основците

|

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат.

– Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на националниот совет за учебници основан во јануари-февруари направен е јавен повик за пријавување на автори, рече Шаќири, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната пленарна седница.

Тој информира дека од последната комуникација што ја имал со Националниот совет, сите книги што се прифатени, се упатуваат во Бирото за образование и потенцира дека потоа се чека мислење од рецензентите.