|
Поп пејачката Елена Ристеска веќе подолго време не е присутна на музичката сцена, но затоа пред речиси две години лансираше свој бренд Ера козметика.
Засега од брендот имавме можност да видиме машки и женски парфем, но Елена вели дека напорно работи на нови производи кои фановите нетрпеливо ги очекуваат.
Фановите исто така се надеваат дека таа ќе подготви нов материјал и дека наскоро повторно ќе запее, но како што таа рече во една прилика по загубата на својот татко, душата не сака да и запее.
Така таа денеска на социјалните мрежи со фотографии се потсети на својот татко кој за жал го напушти овој свет пред точно 6 години.
“Најпразните 6 години од мојот живот…” напиша таа на Инстаграм под објавените фотографии од нејзиното семејство.