Таа победи на првиот балкански „Идол“, но немаше успешна кариера: Како изгледа денес и што работи Цвета?

|

Цвета Мајтановиќ учествуваше на музичкиот натпревар „Идол“ во 2003-та година, кога се одржа за прв пат на Балканот. Таа со својот талент ја воодушеви целата јавност и доби бројни признанија.

Таа тогаш имаше само 18 години, а по натпреварот ја сними песната „Нисам иста“ која стана голем хит.

После тоа, таа сними соло албум, а се обиде и како презентер.

Сепак, Цвета одлучува да се пресели во странство. Живеела во Швајцарија, по што се вратила во Нови Сад за да ги заврши студиите по психологија. Целосно се посветила на науката, а магистрирала инженерство и менаџмент на Техничкиот факултет во Нови Сад.

Таа се обиде да и се врати на музиката во 2008-ма година, кога учествуваше во „Беовизија“. Ја зазеде петтата позиција со песната „Изнад нас“.

Цвета сега се врати на науката и работи како истражувач на Универзитетот во Тренто, во Италија. И покрај нејзиниот огромен талент, нејзината љубов кон науката преовладуваше.