Познатата спикерка стана баба по втор пат – Актерот да беше жив многу ќе се израдуваше

|

Гордана Ѓорчева, долгогодишна новимарка и спикерка во МТВ, денес сподели многу убава вест на социјалните мрежи, а тоа е дека по втор пат стана баба.

Радосната вест ја сподели на својот Фејсбук профил и напиша:

-Вера се роди. Вања си доби сестричка. Мама Луци и тато Александар си имаат ќеркичка, напиша Гордана.

Гордана беше во брак со актерот Бранко Ѓорчев, со кој ја имаат ќерката Луција. Внуката доби име по денешниот голем христијански празник во кој се слават Светите Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.