Деновиве дел од медиумите објавија дека многумина со јавни реакции се побуниле за високата цена на влезниците за концертот на Дарио кој на тој начин одбележува 40 години постоење на македонската сцена. На тоа, тој за Фокус возврати, дека сите лица на кои им е скап билетот, можат да останат дома и да не дојдат. Сепак се чини дека желбата да се присуствува на неговиот концерт кој ќе се одржи во Македонската Филхармонија на 17-ти февруари е поголема, па истиот е веќе распродаден.
Како што информираат од Авалон Продукција, поради голем интерес за настанот, закажан e и втор концерт на Дарио и Миг 21, кој ќе се одржи наредниот ден, односно на 18-ти февруари.
Со овие концерти тој одбележува 40 години кариера, а пак Авалон, 30 години постоење.
Од продукцијата порачуваат дека е важно да се знае оти и покрај тоа што интересот за проектот Дарио и Миг 21 станувал се поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе биде и последен. Па побрзајте доколку сакате да си обезбедите место.
Влезниците за вториот концерт ќе биле пуштени во продажба од утре, а нивната цена е 1.200 денари и 1.500 денари за ВИП.