Татјана Дуку е корисничка на Тикток која стана планетарко позната поради неверојатната сличност со познатата актерка Анџелина Џоли.
Откако се појави во филмската индустрија, холивудската актерка Анџелина Џоли беше сон на секој маж. Се чинеше дека нејзината убавина е ненадминлива и единствено дело на мајката природа, но со текот на годините, многумина дојдоа до сознание дека Џоли, и покрај добрата генетика, сепак има направено естетски корекции на своето лице.
И покрај тоа што Анџелина Џоли важеше за единствена убавица со своите специфични црти, крупните очи и полните усни, неодамна на Тикток се појави нејзина двојничка.
Татјана Дуку на Тикток ја следат преку 800.000 лица. Таа освен што има исти очи и усни како познатата холивудска актерка, дури и со целокупниот изглед и гестикулацијата потсетува на Анџелина Џоли.
Корисниците на Тикток ѝ порачаа дека сличноста помеѓу неа и познатата актерка е неверојатна, но исто така ѝ укажаа дека не треба да копира никого, туку да биде своја.
-Не би рекол дека е близначка на Анџелина Џоли, затоа што има понежни црти, можеби повеќе нејзина роднина или член на семејството.
– Сестрата на Анџелина.
– Леле…не знаев дека не е Анџелина пред да ги прочитам коментарите –
– Сега си помлада и поубава – коментирале корисниците на мрежата.
На една од снимките, оваа „тиктокерка“ со својот партнер симулира сцена од познатиот филм „Господин и госпоѓа Смит“ во кој глумеше Анџелина Џоли. Со тоа Татјана покажа дека тие двете делат неверојатна сличност и дека Татјана би можела да ја глуми Анџелина и за некои потреби да биде нејзина двојничка.
Многумина од корисниците на мрежата изразија мислење дека „тиктокерката“ би требало да го задржи својот идентитет и да не се поистоветува со никого, бидејќи така ќе се изгуби себеси.
https://www.tiktok.com/@tanusha_duka/video/7223476028583251201