Уапсен 64-годишен маж – допирал малолетничка… друго младо момче ја натепало сопствената мајка

|

На 28.04.2023 во 20.50 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода К.Н.(64) од Битола поради тоа што допирал малолетничка по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.04.2023 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Охрид во Охрид го лишиле од слобода С.Ш.(27) од Охрид, поради тоа што на 27.04.2023 околу 04.00 часот во домот физички ја нападнал неговата 55 годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.