|
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ за мај ги намали цените на природниот гас за 0,85% за мегават час, во однос на цената за месец април ова година.
Малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 2,9% односно, за 2 денари за килограм (1,42 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 69 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 67 денари за килограм или 47.44 денари за литар, соопшти компанијата.