Во текот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИНИ и проследени со појава на ретки грмежи.
Повремено на највисоките планински врвови на запад и на северозапад ќе провејува и СНЕГ, а температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во следните неколку денови ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во текот на следниот период локално ќе наврнат и над 20 л/м2 воден талог, особено во југоисточните предели од Македонија.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени, додека повремено во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачува и малку над 20 степени.
Во Скопје и околината се очекува слично време, со појава на повремен локален дожд и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачува до околу 20 степени.
НАПОМЕНА: Во текот на следните неколку денови, температурите и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината, односно ќе биде посвежо од вообичаеното. На долготрајна стабилизација на времето, но и на вистинска пролет која би потрајала подолго не се надевајте засега