Адвокатката на осомниченото момче се огласи: Не е точно дека е уапсена мајка му

|

Ирина Боровиќ,адвокатката која ги застапува момчето кое е осомничено и неговиот татко, изјави дека момчето моментално се наоѓа на анализа на Воено-медицинската академија во Белград.

– По направените анализи во ВМА, момчето ќе биде вратено во полициска станица каде треба повторно да се разговара со него. Исто така, сакам да истакнам дека поради возраста на момчето нема да одговара за ова кривично дело, но секако ќе се очекува разговор со психолог и психијатар кои подоцна ќе одлучат дали ќе биде казнет на некој начин и како – изјави Боровиќ.

Покрај тоа, адвокатката додаде и дека мајката на момчето не е уапсена како што се објавуваше во неколку медиуми.