Едно момче успеа да го избегне масакрот во неговото основно училиште „Владислав Рибникар“, иако се наоѓаше на списокот за убиства што го направи момчето Коста К.
Ученици, наставници, родители, граѓани и јавни личности вечерва се собраа пред училиштето, а меѓу нив имаше и ученици кои се најдоа на списокот за убиство на Коста, кои за среќа успеаја да ја избегнат трагедијата.
– Не знам зошто моето име се најде на списокот и се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го познавав само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија – изјавило ова момче.
Имено, Седмооделенецот ранецот го оставил во кабинетот по историја каде ја застрелал наставничката, наводно бидејќи добил единица, а потоа продолжил да пука по учениците. Неофицијално, пукал од два пиштоли, од кои едниот ЦЗ 99 сопственост на неговиот татко. Коста по масакрот се криел во училишниот двор, каде бил пронајден и уапсен.
РТС јави, без да наведе извор дека починала и наставничката која била примена во таа установа со уште тројца повредени ученици, а таа тогаш ќе биде десеттата жртва на овој масакр.