(ФОТО ВЕСТ)Погледнете како изгледа Белград ден по масакрот

|

Седмооделенецот Коста К. кој вчера уби осум ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, е најсуровиот детски масовен убиец во историјата на светот.

И утрово само 24 часа по овој грозоморен масакр, голем број ученици и граѓани на Белград повторно се собираат пред училиштето во Врачар за да им оддадат почит на трагично загинатите и повредени ученици и наставници.

Иако има голем број луѓе, пред училиштето владее апсолутна тишина, се слуша само липањето на присутните. Сите се тажни.

Пред училиштето се и многу ученици и наставници кои не може да поведуваат што се случи на ова место пред само 24 часа.

Вчера наутро во 8:40 часот се случи невиден масакр во ова основно училиште. Животот го загубија седум девојчиња и едно момче, како и еден обезбедувач, ранети се уште 6 ученици и наставничката по историја,едно од ранетите девојчиња е во многу тешка состојба.

Извршителот на овој масакр 13 годишниот Коста е смесен Специјална болница.

Тој вчера дал изјава во полиција, во присуство на вработена во Центарот за социјална работа.

Приведени се и неговите родители, а на таткото му е одредена мерка притвор од 48 часа.