Стигнаа токсиколошките анализи на Коста – Еве што покажаа

|

Јавноста низ целиот Балкан не може да се соземе од целиот шок поради вчерашниот масакр во основното училиште во Белград. Се уште се бараат причините за делото и се поставуваат прашања дали ова злодело можеше да се спречи.

Српски Ало пренесува дека е готов токсиколошки наод на К. К (13) кој утврдува дали масакрот го извршил под дејство на психоактивни супстанци.

Резултатите од токсиколошкиот тест биле негативни, при што било утврдено дека тринаесетгодишното момче не било под влијание на психоактивни супстанци кога го извршило масовното убиство во основното училиште Владислава Рибник.