Интермецо работи на решавање на проблемот со бучавата

|

По честите поплаки од граѓаните и неколкуте заработени казни поради гласна музика, урбаниот локал Интермецо, преку соопштение ги известува граѓаните и локалните власти дека работат на решавање на проблемот.

– Почитувани, Сакаме да ве исвестиме дека во периодот што следува ќе извршиме реконструкција на помошната надворешна просторија (летна помошна тераса) се со цел демонтажа на целокупната надворешна звучна изолација и смена на дотраениот дрвен кров.

Со поставување на стаклени звучни панели ќе го намалиме надворешниот звук кон соседните згради, се со цел да ја намалиме бучавата во интерес на станарите од околните згради.

Однапред се извинуваме на жителите на Капиштец за градежните активности во наредниот период и бараме на нивно разбирање, велат од тимот на Интермецо.