Бектеши до новинар: Не сме на училиште да ти кажеме сите колкава плата земаме (ВИДЕО)

|

Вицепремиерот Артан Груби се пожали дека, и покрај покачувањето, и натаму има ниска плата. Новинарите инсистираа, но тој не ја кажа сумата иако, според пресметките, таа изнесува 125 илјади денари. Посочи дека одлуката на Уставниот суд е во ред.

На инсистирање од новинарите сите присутни на прес-конференцијата да си ја кажат платата, имаше реакција од Бектеши.

„Не сме на училиште да ти кажеме сите, ќе се обратиш на Влада и ќе ти кажат“, рече Крешник Бектеши.

Бесими единствено што кажа е дека 1.600 функционери ќе имаат покачени плати. Функционерите добија повисоки плати за речиси 1.000 евра.

„Се работи за 1.600 функционери. Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, директори. Многу широк опфат“, рече Бесими.