Потресна исповед: Тато дојди, јас умирам, овде е масакр

|

Граѓаните на Србија се уште не закрепнале од невидениот настан на нашите простори што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, а нешто помалку од 48 часа потоа следуваше уште едно страшно злосторство во Младеновац. Урош.Б.(21) синоќа во селата Долно Орашје и Дубона кај Младеновац уби осум и рани 14 лица.

Осум повредени се примени во Ургентниот центар по страшната престрелка во Младеновац, додека шест лица веднаш се пренесени во операционата сала. Урош по крвававиот масакр по осумчасовна потрага е уапсен.

Меѓу ранетите е и Н.И. 23-годишник кој е ранет во раката, колкот и коленото и се наоѓа во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.

Жителот на Мали Орашје Д.И. за Политика во потресна исповед ги раскажа деталите од драмата што ја доживеал синоќа кога му се јавил ранетиот син за време на масакрот што го извршил Урош.

Неговиот татко Д.И. рече дека ранетите и оние кои успеале да јго преживеат крвавиот пир на убиецот им се јавиле на своите родители на телефони.

“Тато, дојди, умирам, тука има масакр, ми рече син ми кога ми се јави на телефон“, рече тој.

Да потсетиме, осомничениот за масовното убиство кај Младеновац, Урош.Б. е уапсен од Специјалната антитерористичка единица (САЈ) во село Грошница, како и целото семејство каде се криел убиецот од Младеновац.