|
Вчера во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“, Т.А.(69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала.
„Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.