Упатувале закани: Четири ученички и нивните родители на разговор во полиција – ќе се преземат мерки

|

На 05.05.2023 полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители.

На разговор се викнати по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.