„Син ми го гушеле, па доби бокс на училиште“, Миа Костова сподели исповед на очајна мајка од Македонија

|

„Веќе се прашувам и сфаќам дека погрешно сум го воспитала својот 12-годишен син да е фин и културен. Да се доведам во ситуација минатото полугодие мајка да ми се јави да ми каже како кружи снимка од син ми паднат во бесознание, а идиотот кој го гушел е негов другар од одделение (и тие што го снимале)…“, гласи дел од потресната исповед на мајка од Македонија, која ја сподели Миа Костова.

Миа Костова, згрозена од случајот во Србија, јавно говори на темата и на Инстаграм го споделува своето мислење, но и искуствата кои ги имаат родители од Македонија на тема булинг и ѝ ги праќаат на Инстаграм.

Една мајка со искрена исповед во колку лоша ситуација се наоѓаат таа и нејзиниот син поради булинг…

Објавата која ќе ве натера да се замислите гласи:

„И јас како тебе се прашувам и веќе сфаќам дека погрешно сум го воспитала својот 12-годишен син.

Биди културен, биди умен, немој да се тепаш, немој да навредуваш.

Да се доведам во ситуација минатото полугодие мајка да ми се јави да ми каже како кружи снимка од син ми паднат во бесознание, а идиотот кој го гушел е негов другар од одделение (и тие што го снимале).

Целиот случај го пријавив и кај педагог и кај психолог.

Детето што го гуши си ги тепа така соучениците од трето одделение и редовно е пријавувано.

Знаеш каков одговор добив од психолог кога побарав да ги повика родителите?
А да пробате вие да си решите, да им отидете на врата? Или пак пријавете го на тренерот каде тренира боречки вештини.

За после тоа да се „заташка“ и пак тој истиот да му залепи таков бокс пред две недели на син ми, затоа што овој му се спротивставил. И пак молк.

Оттогаш реков ќе го начекам и ќе го скршам од ќотек, па нека дојдат неговите кај мене.

Што е уште пострашно, тоа е дете на полицаец и истото се фали и го покажува службениот пиштол на другарите. Знае каде стои.
И за тоа е кажано во училиштето од друг родител, чие дете е тепано од истиот. И пак ништо.

Е затоа учи го син ти да врати, да не се плаши и да не крие ништо“.