Урош поради Коста направил масакр: Го бранел малиот монструм, па го повтори неговото дело

|

Урош Блажиќ (20) застрелал 8 млади луѓе. Најстарата жртва на Урош имала 25 години, а најмладата само 15. Во крвавиот поход биле ранети 14 лица.

Според сомневањата, Урош Блажиќ дошол во селото Дубона кај Младеновац на 4 мај, нешто пред 23 часот. Излегува од автомобилот да купи цигари, а потоа им приоѓа на млади лица кои седат и се дружат во училишниот двор.

Според една верзија на приказната, разговорот се свртел кон тогашната актуелна тема, момчето Коста кое уби осум ученици и чувар во училиште, а рани шест деца и наставник по историја.

Во разговорот Урош застанал во негова одбрана и го оправдувал момчето кое направи масакр, а кога наишол на негативни реакции од луѓето со кои разговарал, влегол во автомобилот и си заминал.

Тој отишол во викендицата во која живее откако го напуштил семејниот дом, поради семејни расправии. Оттаму земал оружје и вооружен со автоматска пушка, пиштол и рачна бомба, потоа се впуштил во крвав поход во кој го зацрнил селото.

По апсењето, Урош изјавил дека го направил крвавиот поход поради „омаловажување“.