Поранешната ѕвездичка, младата пејачка Антониа Гиговска нешто по нова година откри дека за прв пат ќе стане мајка, но до сега го криеше полот на бебето, иако уште тогаш им беше познат на родителите.
Таа викендов заедно со сопругот Роберт Спасенцовски, инаку син на познатиот фолк пејач и нејзин колега од бендот, направи интересна фотосесина во која го истакна трудничкиот стомак и откри кој е полот на бебето кое за брзо време се очекува да дојде на овој свет.
Во описот на фотографиите таа напиша: Нашиот неодолив капетан е на пат, ние одвај те чекаме, додавајки и сино срце и емотикон за бебе, при што на сите им стана јасно дека се работи за машко дете, односно синче.
Во коментарите голем дел од колегите се израдуваа и ја опсипаа со позитивни коментари и честитки.
Инаку Антониа на 30 април и официјално се венчаше со “Џокер”, па сподели и неколку фотографии во невестински фустан. Од она што можеше да се види на социјалните мрежи, поголема прослава за венчавката не се случи.